По повод инцидентот од 16,08 во скопско Нерези , неправедно и крајно неосновано беа приведени 8 членови на навивачката група Комити.Против истите беа поднесени кривични пријави. Ова беше епилогот на еден исцениран инцидент , насочен кон разнебитување на македонската тифо сцена .Комитите беа декларирани како хулигани , силеџии , политички полтрони , националисти , криминалци и уништувачи на спортот. На 23,08,2009 на скопските улици , беше организиран НАВИВАЧКИ ПРОТЕСТЕН МАРШ од страна на нг Комити , под мотото КАЖИ НЕ ЗА УНИШТУВАЊЕТО НА ШУМИТЕ !!! СТОП ЗА ДРВОКРАДЦИТЕ, ДА ЈА СПАСИМЕ ОКОЛИНАТА !!! Имено , чудниот и саркастичен наслов е приказ на тоа колку се слуша гласот на навивачите во Македонија. Протестот помина мирно , и на крајот беше потпишан Меморандум за подобро разбирање и понатамошна заедничка соработка со цел подобро да се бодри Македонската репрезентација. Им Благодариме на учесниците и на другите навивачки групи за безрезервната подршка и за соработката. Се надеваме дека овој настан конечно ке не прикаже во вистинско светло , како вистинските љубители на спортот.