Вчера во организација на ЗСР Бабуна од Велес се одржа "Меѓународниот Куп" -- Натпревар во Спортски риболов во дисциплината "Ловење на риба со пливка", на кој учестувуваа 12 екипи од Македонија, 2 екипи од Србија и 1 екипа од Косово. Овој Куп натпревар може да се каже дека е еден од најсилните во конкуренција кој се одржуваат во Македонија со учество на квалитетни екипи од Македонија, Србија и Косово. Се ловеше 3 часа во БОКС -- каде што се бодуваше само екипниот пласман, а најчесто спортските риболовци успеваа да уловат ситна риба (Црвеноперка, Белвица, Костреш и др.) а имаше и капитален улов на екипата од Косово со тежина на еден примерок од 800 гр. (Карас). Екипата на Сррк Крап од Радовиш успеа покрај големата конкуренција од 15 екипи да го освои 3-то место, а заедно со екипата на Кркушка од Велес имаа иста уловена количина од 2520 гр.